Најчести функционални дефицити кај корисниците и како физиотерапијата ги адресира

Во дом за стари лица, секој ден е различен – но предизвиците што ги носат корисниците често се слични. Со текот на годините, телото постепено губи дел од својата функционалност, а болестите, неактивноста и стравот од пад дополнително го забрзуваат тој процес. Токму тука физиотерапијата има клучна улога чија цел не е единствено “вежбање“ туку и враќање на достоинство, самостојност и чувство дека телото се уште може.

Со какви функционални потешкотии најчесто се соочуваат корисниците?

Намалена подвижност и тешкотии во одењето

Како се манифестира?

Еден од првите и најочигледните дефицити. Корисниците:

  • Одат бавно со кратки чекори
  • Користат бастум, дубак или инвалидска количка
  • Тешко стануваат од кревет или столица
  • Избегнуват движење поради страв од пад

Улога на физиотерапијата

Физиотерапијата не почнува со одење, туку со проценка на сила, рамнотежа, болка, издржливост и тип на помагало кое го користи корисникот.

Потоа следи:

  • Вежби за подготовка за одење
  • Тренинг на станување и седнување
  • Функционални трансфери
  • Постепено зголемување на сигурноста во движењето

Намалена мускулна сила(саркопенија)

Како изгледа во реална ситуација?

Корисникот:

  • Не може сам да се исправи
  • Брзо се заморува
  • „Му откажуваат нозете“
  • Недоволна мускулна сила(слабост во рацете) за потпирање

Како помага физиотерапијата?

Со едноставни, но целни вежби, прилагодени на возраста и состојбата:

  • Вежби во седечка и лежечка позиција
  • Активни и активно – потпомогнати движења
  • Изометриски контракции
  • Функционални вежби

Дури и минималното зголемување на сила значи помалку зависност, а повеќе самостојност.

Нарушена рамнотежа и висок ризик од падови

Зошто е ова толку сериозно?

Падот кај старо лице не е „обичен пад“. Тој носи:

  • Фрактури
  • Страв од движење
  • Повлекување во себе
  • Понатамошна функционална регресија

Физиотерапевтски пристап

  • Вежби за статичка и динамичка рамнотежа
  • Тренинг на реакции и стабилизација
  • Вежби со промена на положба на тело
  • Безбедно изложување на контролирани предизвици

Целта не е да се елиминира ризикот, туку да се зголеми контролата и довербата во сопственото тело.

Болка и ограничен опсег на движење

Најчести причинители:

  • Остеоартритис
  • Хронични дегенеративни состојби
  • Неправилни положби и долготрајно седење

Болката често води до маѓепсан круг: болка > избегнување на движење > уште поголема вкочанетост и болка.

Што прави физиотерапијата?

  • Нежни мобилизациски вежби
  • Истегнување
  • Позиционирање и корекција на положбата
  • Движење во безболен опсег

Клучна информација: движењето не ја зголемува болката – неактивноста ја зголемува.

Намалена кардиореспираторна издржливост

Како се забележува?

  • Брзо заморување
  • Отежнато дишење при минимална активност
  • Избегнување активности

Физиотерапија во пракса

  • Респираторна гимнастика
  • Лесни аеробни активности(во рамки на можностите)
  • Постепено зголемување на активноста

Подобро дишење = повеќе енергија = подобар живот.

Когнитивно – функционални потешкотии

Кај многу корисници има појава на:

  • Деменција
  • Намалена концентрација
  • Проблеми со следење инструкции

Зошто физиотерапијата е важна и тука?

Затоа што движењето:

  • Ја стимулира мозочната активност
  • Ја подобрува ориентацијата
  • Ја задржува функционалната рутина

Физиотерапевтот:

  • Користи едноставни инструкции
  • Повторување и структура
  • Движење поврзано со секојдневни активности

Психоемоционални последици од функционалните дефицити

Многу често ќе забележите:

  • Апатија
  • Депресивност
  • Повлеченост

Физиотерапијата:

  • Создава дневна рутина
  • Поттикнува контакт и комуникација
  • Враќа чувство на постигнување

Движењето покрај другото претставува и терапија за душата – понекогаш најголемите ефекти не се физички, туку психолошки.

Заклучок

Во дом за стари лица, физиотерапијата не служи само за рехабилитација туку и за одржување, превенција и квалитет на живот.

Секое станување, секој чекор, секој обид за движење е победа. И зад секоја таква победа стои трпелив, стручен и човечки пристап.

Зошто да го изберете нашиот дом?

Изборот на дом за стари лица не е само организациска одлука – тоа е одлука што влијае врз секојдневието, здравјето и чувството на сигурност на вашата сакана личност. Нашиот дом нуди повеќе од сместување. Нуди грижа, разбирање и стручен пристап насочен кон човекот, а не само кон дијагнозата.

Индивидуален физиотерапевтски пристап

Секој корисник е различен. Затоа физиотерапијата во нашиот дом не се спроведува по шаблон, туку врз основа на индивидуална проценка на функционална состојба, подвижност и потреби на секој корисник.

Фокус на функционалност и самостојност

Нашата цел не е само „вежбање“, туку зачувување на способноста за:

  • Самостојно одење
  • Станување и седнување
  • Извршување на секојдневни активности

Колку повеќе корисникот се снаоѓа сам во секојдневието, толку е поголема неговата самодоверба и квалитет на живот.

Превенција од падови и компликации

Преку редовна физичка активност и стручно водени вежби, активно работиме на:

  • Намалување на ризикот од падови
  • Превенција од контрактури и декубити
  • Одржување на циркулација и респираторна функција

Тимска грижа и човечки однос

Физиотерапевтите се дел од мултидисциплиниран тим кој соработува со медицинскиот и негователскиот кадар. Корисникот е личност со своја историја, навики и темпо.

Поддршка за психоемоционалното здравје

Редовната физиотерапија носи:

  • Чувство на рутина
  • Подобро расположение
  • Поголема вклучителност во секојдневието

Малите успеси во движењето често значат големи промени во мотивацијата.

Сигурна и поддржувачка средина

Вежбите и активностите се спроведуваат во безбедна, контролирана средина, со постојан надзор и прилагодување на оптоварувањето според можностите на корисникот.

Кај нас грижата не завршува со основните потреби. Таа продолжува со внимание, трпение и професионална посветеност.

Напиша: Елена Ефремова – дипломиран физиотерапевт специјализиран за неврорехабилитација