Локација: Црниче, Скопје

Феникс Гарден

Феникс е ланец на старски домови чија историја е од богат размер, првиот старски дом е основан во 2002 година во тешки услови и под друг назив кој што по неколкуте променети локации и борбата како и стремежот за успех доведоа до основање на првиот “Феникс” чие име потекнува од самата историја на оваа компанија, издигање од пепелта.
Денеска Феникс располага со четири домови за стари лица “Феникс Гарден”, “Феникс Премиум”, “Феникс Фемили” и “Геромедикал Феникс”.

Нашата цел ќе ја постигнеме со долгогодишен квалитет, љубов и истрајност во давањето на нашите услуги како и секојдневните напори и желба за нашиот напредок.

Домот за стари „Феникс Гарден“ нуди сместување, 24 часовна грижа и нега за вашите најмили. Секоја соба е опремена по стандарди, со сопствена бања и тоалет, со кабелска телевизија,WI FI,клима уред, со одржување на врвна хигиена во домот. Домот е со уреден двор , со локација во тивка и мирна средина ,со панорамски поглед на градот . 

Разгледајте го животот во Феникс Гарден во фото галеријата

Феникс ГАРДЕН

што нудиме

Кои услуги се достапни во Феникс Гарден?

Асистирано живеење

Постојано присуство на медицински сестри и овластени лица од тимот даваат грижа 24/7 и не дозволуваат вашите блиски да бидат осамени.

Служба за рехабилитација

Нашата служба за рехабилитација дава комплетно терапевтско и професионално закрепнување за да се избегнат дополнителни несакани дејствија.

Здравствена заштита

Веруваме дека влијанието кај секој поединец има неочекуван начин и секој поединец може да напредува интересно, со индивидуална нега.

Квалификувани лекари

После давање на заклучоци од страна на доктор, специјалист продолжува да ги третира пациентите кои се соочуваат со болести и рани, во и надвор од домот во зависност од потребите.

Одлична храна и грижа

Нудиме грижа и надзор за лицата кои не може да живеат сами, константна медицинска нега и најквалитетна храна за сите нив.

Психосоцијална поддршка

Нашите медицински социјални работници се грижат за пациентите кои се соочуват со проблеми и предизвици во адаптирање на условите во нашата установа.

Физикални терапии

Тим физиотерапевти се задолжени за набљудување и одржување на подвижноста и физичката активност на корисниците.

Транспортни услуги

Домовите од групацијата Феникс располагаат со приватно амбулатно возило со цел пренесување на корисниците до соодветни здравствени установи.

Закажете состанок и посетете не!

Пополнете го формуларот и
лично уверете се во одличните услови што ги нудиме.

Доколку сакате можете и директно да не побарате на 075 382 014.