Локација: Волково, Скопје

Феникс Геромедикал

Феникс е ланец на старски домови чија историја е од богат размер, првиот старски дом е основан во 2002 година во тешки услови и под друг назив кој што по неколкуте променети локации и борбата како и стремежот за успех доведоа до основање на првиот “Феникс” чие име потекнува од самата историја на оваа компанија, издигање од пепелта.
Денеска Феникс располага со четири домови за стари лица “Феникс Гарден”, “Феникс Премиум”, “Феникс Фемили” и Геромедикал Феникс.

Нашата цел ќе ја постигнеме со долгогодишен квалитет, љубов и истрајност во давањето на нашите услуги како и секојдневните напори и желба за нашиот напредок.

Геромедикал Феникс се наоѓа во Волково и нуди врвна грижа и удобност на вашите најблиски да се чувствуваат среќно и безбедно. Нашиот дом располага со пријатна градина и простран двор, каде вашите најблиски ќе можат да се релаксираат. Додека го пијат нивното кафе, чај или какао ќе ужуваат во чистиот воздух опкружени со природно зеленило. Геромедикал Феникс располага со современо опремени соби со посебни тоалети. Нашиот дом располага со заедничка голема просторија каде сите корисници се дружат за време на доручек, ручек и вечера и уживаат во панорамскиот поглед кон градот.

Разгледајте го животот во Феникс Геромедикал во фото галеријата

Феникс ГЕРОМЕДИКАЛ

што нудиме

Кои услуги се достапни во Феникс Геромедикал?

Асистирано живеење

Постојано присуство на медицински сестри и овластени лица од тимот даваат грижа 24/7 и не дозволуваат вашите блиски да бидат осамени.

Служба за рехабилитација

Нашата служба за рехабилитација дава комплетно терапевтско и професионално закрепнување за да се избегнат дополнителни несакани дејствија.

Здравствена заштита

Веруваме дека влијанието кај секој поединец има неочекуван начин и секој поединец може да напредува интересно, со индивидуална нега.

Квалификувани лекари

После давање на заклучоци од страна на доктор, специјалист продолжува да ги третира пациентите кои се соочуваат со болести и рани, во и надвор од домот во зависност од потребите.

Одлична храна и грижа

Нудиме грижа и надзор за лицата кои не може да живеат сами, константна медицинска нега и најквалитетна храна за сите нив.

Психосоцијална поддршка

Нашите медицински социјални работници се грижат за пациентите кои се соочуват со проблеми и предизвици во адаптирање на условите во нашата установа.

Физикални терапии

Тим физиотерапевти се задолжени за набљудување и одржување на подвижноста и физичката активност на корисниците.

Транспортни услуги

Домовите од групацијата Феникс располагаат со приватно амбулатно возило со цел пренесување на корисниците до соодветни здравствени установи.

Закажете состанок и посетете не!

Пополнете го формуларот и
лично уверете се во одличните услови што ги нудиме.

Доколку сакате можете и директно да не побарате на 075 382 015.