Локација: Петровец, Скопје
По четири успешно реализирани приказни и стотици задоволни членови и нивни блиски, со голема радост ја отворивме нашата петта локација – Феникс Хоум во Петровец.
Објектот е изграден и уреден согласно сите законски прописи и стандарди за згрижување на стари лица, со обезбедени соодветни сертификати за работа и максимално исполнети услови за безбедност, пристапност и хигиена. Просторот е модерен, функционален и прилагоден за удобен и достоинствен живот, со 24-часовна нега, медицинска поддршка и семејна атмосфера.
Нашата мотивација постојано расте – со секоја насмевка, со секој личен напредок на нашите членови, и со благодарноста и признанијата што секојдневно ги добиваме од нивните семејства.
Феникс Хоум не е само нова локација – тоа е продолжување на нашата мисија: грижа со љубов, разбирање и длабока почит кон секој човек.
што нудиме
Постојано присуство на медицински сестри и овластени лица од тимот даваат грижа 24/7 и не дозволуваат вашите блиски да бидат осамени.
Веруваме дека влијанието кај секој поединец има неочекуван начин и секој поединец може да напредува интересно, со индивидуална нега.
Нудиме грижа и надзор за лицата кои не може да живеат сами, константна медицинска нега и најквалитетна храна за сите нив.
Тим физиотерапевти се задолжени за набљудување и одржување на подвижноста и физичката активност на корисниците.
Нашата служба за рехабилитација дава комплетно терапевтско и професионално закрепнување за да се избегнат дополнителни несакани дејствија.
После давање на заклучоци од страна на доктор, специјалист продолжува да ги третира пациентите кои се соочуваат со болести и рани, во и надвор од домот во зависност од потребите.
Нашите медицински социјални работници се грижат за пациентите кои се соочуват со проблеми и предизвици во адаптирање на условите во нашата установа.
Домовите од групацијата Феникс располагаат со приватно амбулатно возило со цел пренесување на корисниците до соодветни здравствени установи.
Закажете состанок и посетете не!
Доколку сакате можете и директно да не побарате на 075 382 014.
Ќе бидете контактирани за дополнителни информации како и за точното време и локација за престојот.