луксузно сместување за Вашите најблиски

Добредојдовте во Феникс

Ланeцот на домови за стари лица Феникс се состои од три објекти во Скопје,
секој од нив синоним за квалитетно домување за време на златната доба од животот.
Закажете состанок и посетете не веднаш!

Потпомогнато живеење која ја охрабрува самостојноста

НЕЗАВИСЕН ЖИВОТ,
ПОДДРЖАН СО ГРИЖА

Ја задржуваме самостојноста на вашите најсакани овозможувајќи им да уживаат
во својата приватност, додека се обезбедени со потребната грижа и поддршка во
прекрасно заедничко опкружување со врсниците.

Резиденцијална нега за здрави лица во топол и комфорен дом

СПОКОЈ ЗА
СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО

Обезбедуваме постојана грижа на вашите најмили надополнета со
насмевки и дружби во нашите современо опремени резиденцијални
единици, каде се чувствуваат безбедно, сакано и ценето.

Медицинска нега за лица со здравствени потешкотии

24/7 ЧАСОВНА
ГРИЖА И ВНИМАНИЕ

Нашиот стручен медицински тим обезбедува висококвалитетни здравствени
услуги со целосна посветеност кон здравствените и душевните потреби на секој поединец.

Дневен престој исполнет со активности кои ги стимулираат телото и умот

НЕШТО НОВО СЕКОЈ ДЕН

Дневниот престој во Феникс нуди богата палета на активности во стимулативна средина,
наменета за повозрасни лица кои бараат друштво, забава и професионална нега во текот на денот.

Феникс
Премиум

Ул. Васил Ѓоргов 42, Капиштец

Феникс
Фемили

Ул. Мариовска 3/28, Пржино

Феникс Геромедикал

Ул. 44 бр.4 Волково, Ѓорче Петров

Феникс
Гарден

Благоја Гојан бр. 24, Црниче

Услуги

Размислувате за дом за стари?
Дозволете ни да Ви помогнеме.

Нашите домови за стари лица нудат разни услуги за сместување и згрижување на вашите најмили. Услугите варираат од дневен престој за здрави лица кои сакаат да го исполнат денот со добро друштво, до лица на кои им е потребна постојана медицинска нега. Одберете тип на услуга и информирајте се за условите кои ги нудиме.

Потпомогнато

ЖИВЕЕЊЕ

Самостојно живеење со 24/7 нега и грижа на располагање.

Медицинска

НЕГА

Наменета за лица на кои им е потребна 24 часовна медицинска нега.

Резиденцијална

НЕГА

За постари луѓе на кои им треба помош со секојдневните задачи.

Дневен

ПРЕСТОЈ

Планирана програма со активности во амбиент за професионална грижа.

Коментари од нашите почитувани
резиденти.

Како доживотен жител на Феникс Премиум го избрав Премиум поради неговата локација и оцијализацијата што ја нуди. Сето тоа го најдов овде. Но, она што најмногу ми се допаѓа кај Премум се луѓето!

ТРАЈЧЕ

ФЕНИКС ПРЕМИУМ

Го сакам персоналот овде и уживам во прекрасната храна. Исто така, ги сакам многуте активности што тие имаат да ги понудат. Терапевтите се исто така многу добри во својата работа. Не би сакала да бидам на друго место. Се чувствувам згрижено и сум достоинствено третирана.

СЛАВИЦА

ФЕНИКС ФЕМИЛИ

‘‘Дома далеку од дома“ само вака можам да ја опишам својата околина и искуството од живеењето во Феникс Гарден. Силно го препорачуваме Феникс. Ова е заедница за потпомогнато живеење.

ЗОРА

ФЕНИКС ГЕРОМЕДИКАЛ

24/7 грижа и нега

Врвна медицинска поддршка

Тимот на Феникс е составен од стручни и тренирани медицински лица кои можат да одговорат на секојдневните потребни на нашите резиденти.

Рутински мерења

Секое утро нашите ведри и насмеани медицински сестри ги мерат и запишуваат потребните параметри за секој корисник (притисок, температура, пулс итн...), подготвуваат извештај и на дневна основа му ја реферираат состојбата на докторот при неговата рутинска посета.

Водење медицинска историја

Здравствената сосојба на секој корисник се води во вид на индивидуална медицинска историја за секој поединечно, што овозможува прецизно следење на здравјето на нашите корисници и навремено реагирање доколку настане влошување на некој од параметрите.

Надзор од лекари

Во секојдневната визита е вклучен и лекар кој ги проследува извештаите од сестрите, ја следи општата здравствена состојба на секој корисник и ги регулира терапиите на оние со здравствени проблеми, а по потреба се активира и соодветен специјалист со цел да се реагира навреме.

Закажете состанок и посетете не!

Пополнете го формуларот и
лично уверете се во одличните услови што ги нудиме.

Доколку сакате можете и директно да не побарате на 075 382 014.