Локација: пржино, Скопје

Феникс Фемили

Сместен во населбата Пржино, на 450 метри надморска височина, во подножјето на Водно, „Феникс Фемили“ е дом создаден да понуди спокојство, удобност и пријатна атмосфера.

Со пространо дворно место од 1.000 м², домот нуди уредена околина и простор за одмор и уживање во мирот на природата. Светлите и пријатни простории, исполнети со природна светлина, создаваат топла атмосфера во која секојдневието е поудобно и попријатно.

„Феникс Фемили“ располага со 35 климатизирани соби, секоја со сопствен тоалет и тераса. Од терасите се протега прекрасен панорамски поглед кон Скопје, кој внесува дополнително чувство на простор, спокој и поврзаност со околината.

Во „Феникс Фемили“, удобноста не е само во просторот, туку и во чувството да си на место каде што си добредојден, каде што некој се грижи за тебе и каде што секој ден е исполнет со внимание и човечка топлина.

3Д тура низ феникс фемили

Посетете го Феникс фемили од удобноста на Вашиот дом!

Ви овозможуваме да ги разгледате капацитетите на Феникс – Домовите за стари лица директно на вашиот уред. Доколку не сте во можност лично да не посетите и да го видите објектот, сега Ви овозможуваме истото да го направите од удобноста на Вашиот дом.

3Д приказ

Двокреветна

Погледни

3Д приказ

Трокреветна

Погледни

3Д приказ

Дневен престој

Погледни

Разгледајте го животот во Феникс Фемили во фото галеријата

Феникс фемили

што нудиме

Кои услуги се достапни во Феникс Фемили?

Асистирано живеење

Постојано присуство на медицински сестри и овластени лица од тимот даваат грижа 24/7 и не дозволуваат вашите блиски да бидат осамени.

Служба за рехабилитација

Нашата служба за рехабилитација дава комплетно терапевтско и професионално закрепнување за да се избегнат дополнителни несакани дејствија.

Здравствена заштита

Веруваме дека влијанието кај секој поединец има неочекуван начин и секој поединец може да напредува интересно, со индивидуална нега.

Квалификувани лекари

После давање на заклучоци од страна на доктор, специјалист продолжува да ги третира пациентите кои се соочуваат со болести и рани, во и надвор од домот во зависност од потребите.

Одлична храна и грижа

Нудиме грижа и надзор за лицата кои не може да живеат сами, константна медицинска нега и најквалитетна храна за сите нив.

Психосоцијална поддршка

Нашите медицински социјални работници се грижат за пациентите кои се соочуват со проблеми и предизвици во адаптирање на условите во нашата установа.

Физикални терапии

Тим физиотерапевти се задолжени за набљудување и одржување на подвижноста и физичката активност на корисниците.

Транспортни услуги

Домовите од групацијата Феникс располагаат со приватно амбулатно возило со цел пренесување на корисниците до соодветни здравствени установи.

Закажете состанок и посетете не!

Пополнете го формуларот и
лично уверете се во одличните услови што ги нудиме.

Доколку сакате можете и директно да не побарате на 075 382 012.