Во дом за стари лица, секој ден е различен – но предизвиците што ги носат корисниците често се слични. Со текот на годините, телото постепено губи дел од својата функционалност, а болестите, неактивноста и стравот од пад дополнително го забрзуваат тој процес. Токму тука физиотерапијата има клучна улога чија цел не е единствено “вежбање“ туку и враќање на достоинство, самостојност и чувство дека телото се уште може.
Со какви функционални потешкотии најчесто се соочуваат корисниците?
Намалена подвижност и тешкотии во одењето
Како се манифестира?
Еден од првите и најочигледните дефицити. Корисниците:
- Одат бавно со кратки чекори
- Користат бастум, дубак или инвалидска количка
- Тешко стануваат од кревет или столица
- Избегнуват движење поради страв од пад
Улога на физиотерапијата
Физиотерапијата не почнува со одење, туку со проценка на сила, рамнотежа, болка, издржливост и тип на помагало кое го користи корисникот.
Потоа следи:
- Вежби за подготовка за одење
- Тренинг на станување и седнување
- Функционални трансфери
- Постепено зголемување на сигурноста во движењето

Намалена мускулна сила(саркопенија)
Како изгледа во реална ситуација?
Корисникот:
- Не може сам да се исправи
- Брзо се заморува
- „Му откажуваат нозете“
- Недоволна мускулна сила(слабост во рацете) за потпирање
Како помага физиотерапијата?
Со едноставни, но целни вежби, прилагодени на возраста и состојбата:
- Вежби во седечка и лежечка позиција
- Активни и активно – потпомогнати движења
- Изометриски контракции
- Функционални вежби
Дури и минималното зголемување на сила значи помалку зависност, а повеќе самостојност.
Нарушена рамнотежа и висок ризик од падови
Зошто е ова толку сериозно?
Падот кај старо лице не е „обичен пад“. Тој носи:
- Фрактури
- Страв од движење
- Повлекување во себе
- Понатамошна функционална регресија
Физиотерапевтски пристап
- Вежби за статичка и динамичка рамнотежа
- Тренинг на реакции и стабилизација
- Вежби со промена на положба на тело
- Безбедно изложување на контролирани предизвици
Целта не е да се елиминира ризикот, туку да се зголеми контролата и довербата во сопственото тело.

Болка и ограничен опсег на движење
Најчести причинители:
- Остеоартритис
- Хронични дегенеративни состојби
- Неправилни положби и долготрајно седење
Болката често води до маѓепсан круг: болка > избегнување на движење > уште поголема вкочанетост и болка.
Што прави физиотерапијата?
- Нежни мобилизациски вежби
- Истегнување
- Позиционирање и корекција на положбата
- Движење во безболен опсег
Клучна информација: движењето не ја зголемува болката – неактивноста ја зголемува.
Намалена кардиореспираторна издржливост
Како се забележува?
- Брзо заморување
- Отежнато дишење при минимална активност
- Избегнување активности
Физиотерапија во пракса
- Респираторна гимнастика
- Лесни аеробни активности(во рамки на можностите)
- Постепено зголемување на активноста
Подобро дишење = повеќе енергија = подобар живот.

Когнитивно – функционални потешкотии
Кај многу корисници има појава на:
- Деменција
- Намалена концентрација
- Проблеми со следење инструкции
Зошто физиотерапијата е важна и тука?
Затоа што движењето:
- Ја стимулира мозочната активност
- Ја подобрува ориентацијата
- Ја задржува функционалната рутина
Физиотерапевтот:
- Користи едноставни инструкции
- Повторување и структура
- Движење поврзано со секојдневни активности
Психоемоционални последици од функционалните дефицити
Многу често ќе забележите:
- Апатија
- Депресивност
- Повлеченост
Физиотерапијата:
- Создава дневна рутина
- Поттикнува контакт и комуникација
- Враќа чувство на постигнување
Движењето покрај другото претставува и терапија за душата – понекогаш најголемите ефекти не се физички, туку психолошки.

Заклучок
Во дом за стари лица, физиотерапијата не служи само за рехабилитација туку и за одржување, превенција и квалитет на живот.
Секое станување, секој чекор, секој обид за движење е победа. И зад секоја таква победа стои трпелив, стручен и човечки пристап.
Зошто да го изберете нашиот дом?
Изборот на дом за стари лица не е само организациска одлука – тоа е одлука што влијае врз секојдневието, здравјето и чувството на сигурност на вашата сакана личност. Нашиот дом нуди повеќе од сместување. Нуди грижа, разбирање и стручен пристап насочен кон човекот, а не само кон дијагнозата.
Индивидуален физиотерапевтски пристап
Секој корисник е различен. Затоа физиотерапијата во нашиот дом не се спроведува по шаблон, туку врз основа на индивидуална проценка на функционална состојба, подвижност и потреби на секој корисник.
Фокус на функционалност и самостојност
Нашата цел не е само „вежбање“, туку зачувување на способноста за:
- Самостојно одење
- Станување и седнување
- Извршување на секојдневни активности
Колку повеќе корисникот се снаоѓа сам во секојдневието, толку е поголема неговата самодоверба и квалитет на живот.

Превенција од падови и компликации
Преку редовна физичка активност и стручно водени вежби, активно работиме на:
- Намалување на ризикот од падови
- Превенција од контрактури и декубити
- Одржување на циркулација и респираторна функција
Тимска грижа и човечки однос
Физиотерапевтите се дел од мултидисциплиниран тим кој соработува со медицинскиот и негователскиот кадар. Корисникот е личност со своја историја, навики и темпо.
Поддршка за психоемоционалното здравје
Редовната физиотерапија носи:
- Чувство на рутина
- Подобро расположение
- Поголема вклучителност во секојдневието
Малите успеси во движењето често значат големи промени во мотивацијата.
Сигурна и поддржувачка средина
Вежбите и активностите се спроведуваат во безбедна, контролирана средина, со постојан надзор и прилагодување на оптоварувањето според можностите на корисникот.
Кај нас грижата не завршува со основните потреби. Таа продолжува со внимание, трпение и професионална посветеност.
Напиша: Елена Ефремова – дипломиран физиотерапевт специјализиран за неврорехабилитација
