Кардиоваскуларни заболувања

Кардиоваскуларната болест е термин за сите видови болести кои влијаат на срцето
или крвните садови, вклучувајќи коронарна срцева болест (акумулација на плака во
артериите), што може да предизвика срцев удар, мозочен удар, срцева слабост и
болест на периферните артерии.
Болестите на срцето и крвните садови се најчести во староста, доведуваат до
тешкотии во секојдневниот живот, предизвикуваат чувство на страв и го ограничуваат
човекот во нормалниот тек на живот.
Секоја година кардиоваскуларните болести се причина за 17,3 милиони случаи на
прерана смрт, а до 2030 година, се очекува дека 23.6 милиони луѓе ќе умрат од овие
заболувања. Ова се проектирани бројки од Светската здравствена организација
(СЗО), при што се очекува КВБ да останат водечка причина за смрт во светот.
1.6.2. Хипертензија
Високиот крвен притисок (исто така познат како хипертензија) е честа болест во која
протокот на крв низ крвните садови (артерии) е повисок од нормалниот. Повисокиот
крвен притисок кај старите лица е чест наод. Систолниот крвен притисок се зголемува
со возраста додека дијастолниот најчесто се зголемува до 50 годишна возраст а потоа
се намалува. Кај старите лица чести се и уринарните инфекции кои ја влошуваат
бубрежната функција и хипертензија.
1.6.3. Дијабет
Зголемувањето на преваленцата на дијабетот тип 2 особено е забалежана во
развиените земји и земјите во развој поради зголемувањето на животниот век на
населението.
Дијабетот е состојба во која телото правилно не ја обработува храната за употреба на
енергија. Поголемиот дел од храната што се внесува на дневно ниво се претвора во
гликоза или шеќер а со тоа телото ја користи како енергија. Панкреасот е орган кој
лежи во близина на стомакот, создава хормон наречен инсулин. Во состојба на
дијабет телото не произведува доволно инсулин и не се искористува правилно.
Дијабетесот може да предизвика сериозни здравствени компликации, вклучувајќи
срцеви заболувања, слепило, откажување на бубрезите и во краен случај ампутации
на долниот екстремитет.
Дијабетот кај постарите лица е се поголем товар за јавното здравство. Речиси една
третинаод старите лица над 65 години во светот имаат дијабет.
Додека стапките на компликации поврзани со дијабетес се намалени во целина кај
општата популација, стапките на инциденца на макроваскуларни компликации, како
што се акутен миокарден инфаркт и мозочен удар, продолжуваат да бидат највисоки
кај постарите возрасни групи. Овие лица исто така имаат највисока стапка на
бубрежна болест во последен стадиум на дијабетес.
1.6.4. Алцхајмер
Алцхајмеровата болест е невролошко пореметување при кое се оштетуваат мозочните
клетки, кое воедно предизвикува губење на меморијата и когнитивни нарушувања.
Алцхајмеровата болест е невродегенеративна болест. На почетокот на болеста
симптомите се благи но со текот на времето се влошуваат.
Алцхајмеровата болест е најчест тип на деменција, како се влошува состојбата, така е
се потешко за личноста да се сети на неодамнешните настани. Најголемиот ризик
фактор на болеста е возраста, поголемиот дел на лицата со алцхајмер се на возраст
над 65 години. Во Соединетите Американски Држави алцхајмеровата болест е шеста
водечка причина за смрт. Денес се проценува дека 94% од лицата што живеат со
деменција и алцхајмерова болест се лица од земји со низок и среден приход и грижата
за истите се одивива во домашни услови подари финансиски тешкотии.
1.6.5. Деменција
Деменцијата е синдром, вообичаено со хронична или прогресивна природа,
предизвикана од разни болести на мозокот, кои влијаат на меморијата,
размислувањето, однесувањето и способноста за вршење на секојдневни активности.
Чести симптоми на деменција се: проблеми во комуникација, тешкотии при зборување,
неодамнешна загуба на меморијата, дезориентација, промени во расположението и
промени на личноста (карактерот). Бројот на луѓе кои живеат со деменција во
моментов се проценува на 47 милиони и се предвидува дека ќе се зголеми на 75
милиони до 2030 година. Причините за демеција се различни, делумно непознати.
Со нарушување на когнитивните функции се јавува емотивната лабилност,
психомоторен немир со агресивност и депресија.
1.6.6. Депресија
Депресијата е растројство, таа е често и сериозно заболување кое негативно влијае на
чувствата, начинот на размислување и постапување. Депресијата предизвикува
чувство на тага или губење на интерес за активности кои некогаш биле задоволство,
тоа може да доведе до различни емоционални и физички проблеми и може да ја_
намалат способноста за нормално функционирање во домот и околината.
Симптомите на депресија можат да варираат од благи до тешки и може да вклучуваат:
тага, губење на интерес, промени во апетитот, проблеми со сонот, губење на енергија-
чувство на замор, чувство на безвредност и вина како и мисли насочени кон смрт или
самоубиство.
Депресијата кај старите лица може да биде тешко препознатилива, бидејќи тие можат
да покажат различни симптоми за разлика од помладите луѓе. За некои возрасни,
стари лица тагата не е единствен и главен симптом за депресија. Тие можат да
имаат други помалку очигледни симптоми на депресија или најчесто несакаат да
зборуваат за нивните чувства. Во староста се јавува и чувство на осаменост подари
губење на брачниот партнер, непријатноста поради неизвесната иднина и
смртата.