Што е старост, а што стареење?

Стареењето и староста јасно се разликуваат, стареењето е природен и неповратен
физиолошки процес, кој кај секоја индивидуа напредува со различна брзина. Самата
старост претставува одредено време на живеење поврзано со хронолошката ера.Со
стареењето се менува и природата на социјалните улоги и односи.
Не постои еквивалентност на биолошката и хронолошката возраст, но е условена од
генотипот и фенотипската индивидуалност на човекот и се манифестира во различен
период од животот. Поради ова, процесот на стареење започнува од зачнување и трае
до смрт.
Со стареењето се случуваат определени патофизиолошки промени кои некогаш тешко
се разграничуваат од болест.
Бројни чинители и фактори влијаат на процесот на стареењето и тие можат да се
поделат на внатрешни и надворешни. Внатрешните фактори се поврзани со
наследните особини, кои главно неможат да се изменат, а надворешните фактори се
поврзани за надворешната средина и тие можат да бидат биолошки, хемиски, физички
и социјални.
Важен факт кој значително го зголемува интересот за истражувања поврзани со
промени што се случуваат и се јавуваат при стареењето е продолжувањето на
животниот век и зголемување на учеството на постарите лица во вкупното
население.