Старите лица во светот

20 век е обележан како револуција во долговечноста. Луѓето во светот живеат
подолго. Просечното очекувано траење на животот се зголемило за 20 години од 1950
година до 66 години и се очекува да продолжи со уште 10 години до 2050 година.
Денес, за прв пат во историјата повеќе луѓе имаат можност да доживеат 60 години и
повеќе. Стареењето и здравјето се вкрстуваат на индивидуално и општествено
ниво. На индивидуално ниво, продолжувањето на животот е постигнато во последниот
век како производ на напредокот во јавното здравство, социоекономскиот развој и
медицинската технологија.На општествено ниво промената на населението врши
голем притисок врз кревкиот систем на здравствена заштита, јавното здравство и друг
тип на подршка за старите лица.
Мадридскиот меѓународен акциск план за стареење и политичката Декларација
усвоена од второто Светско собрание за стареење во 2002 година, означи
пресвртница за тоа како светот се осврнува на клучните предизвици за ″градење
општество за сите возрасти”.
Во 2017 година, скоро една петина (19%) од населението на ЕУ е на возраст од 65
години и повеќе. До 2050 година ££££££££££££на глобално ниво се очекува популацијата над 60
години да достигне 2 милијарди, за разлика од 2015 што изнесувала 900 милиони.
Падот на стапката на наталитетот и продолжениот животен век ја менува
демографската слика во земјите низ светот.Во Азија и Латинска Америка, процентот
на стари лица се очекува да се зголеми од 8 на 15 проценти од 1988 до 2025 година.
Во Африка процентот се очекува да се зголеми само од 5 на 6 проценти, но со тек на
времето до 2025 прогнозите се дека ќе се удвои бројот на стари лица.
Подолгиот животен век претставува добра можност не само за старите лица и нивните
семејства, туку и за општествата како целина.
Продолжените години на животниот век обезбедуваат можност на старите лица да
продолжат со нови активности како што се: понатамошна едукација, фокус на
одредено хоби, како и продолжување со придонес во заедниците и во семејствата.
Европската унија е конгломерат на повеќе од 500 милиони луѓе, од кои приближно 100
милиони се постари лица над 60 години. Во Европа најзастапен тип на домаќинства
се едночлените домаќинства (33,4% од вкупниот број на домаќинства).Во 2011 година
највисок процент на едночлени домаќинства е забележан во Осло вкупно 52,9%.
Овој тип на домаќинства исто така бележи највисок раст од 2005 до 2015 година. Овие
наоди укажуваат и водат кон неколку прашања од поединечна и јавна (општествена)
перспектива: Кој ќе се грижи за актуелната генерација додека старееме? Кои видови
на здравствени и социјални организации треба да се развијат со цел да се зачува
квалитетот на живот на старото население и како да се одржуваат системите на
здравствена заштита на среден и на долг рок.Овој тренд во однос на старата
популација ќе доведе до одредени социјални и економски предизвици кај поединци,
заедници и државни авторитети, бидејќи постои потреба за зголемување на
поддршката за стари лица од државните системи, кои од најразлични причини можат
да се сметаат како ранливо население.
Искуството на Светската здравствена организација покажува дека земјите кои имаат
значително различни политики, социјални, економски и културни услови, можат да ги
развијат и да ги спроведат политиките на “Здравје за сите”, со што здравјето станува
еден од приоритетите и кога тоа ќе се оствари, придобивките претставуваат
фундаментална промена кон подобро.
Глобалните политики за постарите лица мора да бидат проширени во обем, не е
потребно само одржливост на пензискиот и здравствениот систем, одржливоста се
постигнува со активен придонес од самите корисници со поттикнување на позитивни
животни стилови низ животниот век со што ќе се поддржи здрава и исполнета
старост.