Старите лица во Република Северна Македонија (РСМ)

Во Република Северна Македонија типичен е феноменот на регионално стареење на
населението во руралните подрачја поради интензивна миграција на младото
продуктивно население во насока село-град.Тоа води кон многу голема застапеност на
старите лица во вкупната возрасна структура на населението во руралната средина
наспроти населението во град.
Генерално во старосната структура, македонското население сè повеќе старее.
Во Република Северна Македонија од вкупното население, бројот на стари лица во
2015 година изнесувал 264.964, додека бројот на стари лица во 2017 година се
зголемил на 272.234.
Во Република Северна Македонија најголем број на стари лица над 65+ има во
Скопскиот регион, вкупно 84.763, од кои мажи 37.663 и жени 47.100.
Во периодот од 2007 до 2017 година, учеството на младото население (0-14 години) во
вкупното население е намалено од 18.5 % на 16.5 %, а учеството на старото
население (65 и повеќе години) е зголемено од 11.4 % на 13.7 %. Поголем број на
жени се забележува во старосната група од 65 години и повеќе. Промените во
старосната структура на населението во Република Северна Македонија имаат своја
рефлексија врз бројот на умренитe лица во државата. Просечната возраст кај
умрените од женски пол изнесува 74.7 години, односно 70.3 години кај лицата од
машки пол.
Прогнозите на Обединетите нации се дека просечното траење на живот во Република
Северна Мaкедонија континуирано ќе се зголемува, просечниот животен век изнесува
74,9 години за да во 2050 година достигне 79,5 години (31)