Основните клинички карактеристики на стариот (условно здрав) организам се
намалување на базалниот метаболизам, намалување на процентот на водата,
намалување на нуклеинските киселини и гликогенот во келиите, намалено е нивото на
енергија, намалена е ресорпцијата и активноста на ензимите намалено е
искористувањето на хранливите материи, забавено е разградувањето и
елиминацијата на токсичните продукти.
Хроничните заболувања имаат големо влијание врз здравјето и квалитетот на живот
кај старите лица. Хроничните заболувања се поврзуваат и со финансиско
оптоварување, како и чувство на губење на автономија и контрола врз своето
здравје.Според дефиницијата на Националниот центар за здравствена статистика
на Соединетите Американски Држави (САД) хроничните болести траат долго, повеќе
од 3 месеци , хроничните болести неможе да се спречат со вакцинација или да се
лекуваат со лекови ниту пак сами можат да исчезнат.
Најчести хронични заболувања и состојби кај старите лица се: покачен крвен притисок,
покачен холестерол, артритис, исхемична срцева слабост, дијабет, хронична
бубрежна инсуфициенција (болест), депресија, Алцхајмерова болест и деменција како
и хронична опструктивна пулмонарна болест.
80 проценти од постарите возрасни лица имаат барем едно хронично заболување. 1
од 3 постари возрасни има ограничувања во активности како подготовка на храна и
одржување на хигиена.
Најчести ризик фактори кои се поврзани со однесувањето се употреба на тутун,
физичка неактивност, нездрава исхрана и прекумерна употреба на алкохол, што
доведуваат до клучните метаболни/ физиолошки промени.
Значителен број од смртните случаи се препишува на пушењето односно на тутунот,
кој го зголемува ризикот од смрт од коронарна срцева болест и цереброваскуларна
болест 2-3 пати. Генерално, ризикот се зголемува со возраста и е поголем кај жените,
отколку кај мажите. Обединетите Нации го подигнуваат нивот на приоритети во
агендите за незаразните заболувања. Време е да се подигне свеста за ризик
факторите поврзани со незаразните заболувања. Се очекува да се постигне глобален
напредок поврзан со овие болести.