Активно и здраво стареење – основни термини според Светската здравствена организација (СЗО)

Стареењето на населението предизвикува драматични, демографски, епидемиолошки
и антрополошки промени истакнувајќи ја важноста на активно и здраво стареење.
Одржувањето на здрава старосна популација може да ги зголеми барањата за
здравствени услуги.
Во многу случаи постарите возрасни лица со добра здравствена состојба можат да ја
поддржат својата генерација и да бидат силно посветени на општото добро.
Во 2015 година, Светската здравствена организација го дефинира активното стареење
како “… процес на оптимизирање на можностите за здравје, учество и безбедност со
цел да се подобри квалитетот на живот како што луѓето стареат” и здравото стареење
како “… процес на развивање и одржување на функционалните способности што
овозможува благосостојба во постара возраст.”
Староста или постарата возрасна популација може да се подели во три животни
фази:
• Рана старост (65-74 години)
• Изразена старост ( 75-84 години)
• Длабока старост ( 85 години и постари).
Денес, на глобално ниво лицата во рана старост, за разлика од своите претходни
генерации генерално се посреќни, поздрави и финансиски постабилни. Луѓето се
информирани и подготвени за стареење бидејќи имаат достапни ресурси кои се
широко распространети.
Активното стареење е мултидимензионален концепт кој содржи неколку фактори,
вклучувајќи физичка функционалност, начин на живот, урбана средина и социјална
вклученост. Стареењето претставува мрежно поврзување на неколку содржини –
елементи, како што се, функционирање, индивидуална способност, благосостојба,
вклученост во активности и учество, болести( вклучувајќи ги незаразните заболувања,
слабости и ментални нарушувања).
Постојат фактори поврзани со здравјето на поединецот во кој општеството или
заедницата може да игра дирекна улога. Еден од најважните е и обезбедување на
медицинска заштита.
Постојано ниските стапки на наталитет и повисокиот животен век го трансформираат
обликот на возрасната пирамида на Европската Унија.
Современиот свет има непроценливи технолошки богатства и капацитети со кои има
извонредни можности да се мотивираат мажите и жените да ја почекаат староста во
добро здравје и целосна реализација на благосостојба.
Денес зборуваме за здраво стареење, поточно за спречување на оние процеси и
дејства кои го забрзуваат стареењето и за создавање можности за што е можно
подолго живеење со активен физички и психички живот. Засега со сигурнос е докажано
дека во отсуство на болести, регулација на тежината и контролирано физичко
оптоварување во голема мера го поткреваат квалитетот на животот на старата и
најстарата популација.