
Со многугодишното искуство со работа со постари лица, ја разбираме важноста од препознавање на раните знаци кои укажуваат дека вашите повозрасни родители или роднини имаат потреба од дополнителна поддршка. За време на летниот период или пак неделните ручеци, семејствата често поминуваат повеќе време заедно, па затоа токму тогаш е идеално време за идентификување на овие знаци. Во моментите на дружба и разговор, суптилните промени во врска со здравјето, когнитивната способност или општото расположение може да станат очигледни.
Ова се шесте знаци дека вашиот родител или роднина има потреба од поддршка:
1. Несреден или нечист дом
Несредениот или нечист дом може да укаже дека вашите најсакани имаат потешкотии со домашните задачи. Ова може да биде поради физички ограничувања, како потешкотии при ракување со правосмукалка и проблем со наведнување, или поради влошување на видот. Понекогаш, тоа може да биде едноставно поради недостаток на ентузијазам за чистење на домот.
2. Модрици на телото како резултат на паѓање или удар
Со стареењето, луѓето стануваат поподложни на падови, кои за жал со годините стануваат почести. Сепак, многу од повозрасните лица не сакаат да признаат дека доживеале пад или дека се удриле. Ако забележите необјасливи модрици на нивните раце или нозе, тоа може да биде знак дека паднале и дека имаат потреба од поголемо внимание.
3. Храна во фрижидерот со изминат рок на траење
Наоѓањето храна во фрижидерот со изминат рок на траење може да биде знак за когнитивно намалување или рана фаза на деменција. Но, секако ова може да се случи и затоа што вашиот родител или близок купува премногу храна па не може да ги следи роковите на употреба, што резултира со расипана храна во фрижидерот, па доколку по грешка се консумира, може да биде штетно по нивното здравје.
4. Потешкотии во препознавање на имиња во честитки
Друг потенцијален знак на рана деменција е кога вашиот родител веќе не ги препознава имињата на луѓето кои му испраќаат честитки. На пример, доколку добие повеќе роденденски честитки и не е сигурен кој ги испратил, тоа може да укаже на проблеми со памтењето.
5. Оставање на вклучени кујнски апарати или отворена врата
Секому може да му се случи да остави вклучена рингла или пегла од време на време, или пак да заборави да ја заклучи вратата при излегување од дома. Но, доколку приметите дека на вашиот повозрасен член од семејството тоа му се случува често, можеби е знак дека му е потребен поголем надзор со цел да се спречи повреда или штета.
6.Отпор кон социјални ситуации
Губењето на самодовербата и желбата да се остане дома наместо да излезе надвор треба да се смета како предупредувачки знак. Социјалната изолација може да има негативни ефекти врз менталното здравје и емоционалната благосостојба. За повозрасните да се чувствуваат исполнети и среќни, од голема важност се социјализацијата и одржувањето на контакт со заедницата.
Ако забележите некои од овие знаци кај вашите најсакани, важно е да знаете дека имате помош на дофат. Нашиот дневен престој нуди место каде повозрасните се пред сѐ безбедни, потоа среќни што имаат прилика да дружат со лица на своја возраст и секако се чувствуваат исполнето поради големиот број на активности кои ги организираме со цел да ја поттикнеме нивната когнитивна способност и им да го зајакнеме менталното здравје.
Во Феникс, ние сме посветени кон обезбедување на грижлива и професионална нега за да осигураме дека вашите сакани се здрави, среќни и поврзани. Контактирајте нè денес за да дознаете повеќе за тоа како можеме да ви помогнеме.
Последни објави

Кинезитерапија кај повозрасна популација – Бенефиции, совети
Надминувањето на 65-ата година кај жените и 70тата година кај мажите е под предмет н�...

Физикална терапија: Клучот за подобро здравје и подобар живот
Физикалната терапија претставува еден од најважните пристапи во медицинската ре�...

Нов Дом – Нов Почеток со Феникс
Дом за стари лица каде што вашите најмили се чувствуваат безбедно, сакано и прифа...