Локација: центар, Скопје

Феникс Премиум

Феникс е ланец на старски домови чија историја е од богат размер, првиот старски дом е основан во 2002 година во тешки услови и под друг назив кој што по неколкуте променети локации и борбата како и стремежот за успех доведоа до основање на првиот “Феникс” чие име потекнува од самата историја на оваа компанија, издигање од пепелта.
Денеска Феникс располага со четири домови за  стари лица  “Феникс Гарден”, “Феникс Премиум”, “Феникс Фемили” и Геромедикал Феникс -Волково.

Нашата цел ќе ја постигнеме со долгогодишен квалитет, љубов и истрајност во давањето на нашите услуги како и секојдневните напори и желба за нашиот напредок.

Домот за стари Феникс Премиум нуди луксузно сместување, 24 часовна грижа и нега за вашите најмили, дом за стари со пет ѕвезди. Секоја соба е опремена по врвни стандарди, со сопствена бања и тоалет, фрижидер , кабелска телевизија , WI-FI, клима уред, со одржување на врвна хигиена во домот. Се наоѓа во строгиот центар на градот.

3Д тура низ феникс премиум

Посетете го Феникс Премиум од удобноста на Вашиот дом!

Ви овозможуваме да ги разгледате капацитетите на Феникс – Домовите за стари лица директно на вашиот уред. Доколку не сте во можност лично да не посетите и да го видите објектот, сега Ви овозможуваме истото да го направите од удобноста на Вашиот дом.

3Д приказ

Еднокреветна

Погледни

3Д приказ

Трокреветна

Погледни

3Д приказ

Дневен престој

Погледни

Разгледајте го животот во Феникс Премиум во фото галеријата

Феникс премиум

што нудиме

Кои услуги се достапни во Феникс Премиум?

Асистирано живеење

Постојано присуство на медицински сестри и овластени лица од тимот даваат грижа 24/7 и не дозволуваат вашите блиски да бидат осамени.

Служба за рехабилитација

Нашата служба за рехабилитација дава комплетно терапевтско и професионално закрепнување за да се избегнат дополнителни несакани дејствија.

Здравствена заштита

Веруваме дека влијанието кај секој поединец има неочекуван начин и секој поединец може да напредува интересно, со индивидуална нега.

Квалификувани лекари

После давање на заклучоци од страна на доктор, специјалист продолжува да ги третира пациентите кои се соочуваат со болести и рани, во и надвор од домот во зависност од потребите.

Одлична храна и грижа

Нудиме грижа и надзор за лицата кои не може да живеат сами, константна медицинска нега и најквалитетна храна за сите нив.

Психосоцијална поддршка

Нашите медицински социјални работници се грижат за пациентите кои се соочуват со проблеми и предизвици во адаптирање на условите во нашата установа.

Физикални терапии

Тим физиотерапевти се задолжени за набљудување и одржување на подвижноста и физичката активност на корисниците.

Транспортни услуги

Домовите од групацијата Феникс располагаат со приватно амбулатно возило со цел пренесување на корисниците до соодветни здравствени установи.

Закажете состанок и посетете не!

Пополнете го формуларот и
лично уверете се во одличните услови што ги нудиме.

Доколку сакате можете и директно да не побарате на 078 382 591.