Локација: Црниче, Скопје

Феникс Гарден

Феникс Гарден отворен во 2022 година, е дом со помал капацитет, сместен во мирна и дискретна локација, совршен за оние што го ценат спокојот, приватноста и комфорната атмосфера. Со помал број на членови, овој дом овозможува поквалитетна, персонализирана грижа и поблиска, потопла средина.

Огромниот двор со борова шума создава чувство на природа и свежина – идеално место за прошетки, одмор и разговор под сенка.

Одалечен од градската врева, но сепак блиску до центарот, Феникс Гарден е идеален избор за оние што преферираат уреден и мирен дом, каде што се чувствуваат сигурно, почитувано и – како дома.

Разгледајте го животот во Феникс Гарден во фото галеријата

Феникс ГАРДЕН

што нудиме

Кои услуги се достапни во Феникс Гарден?

Асистирано живеење

Постојано присуство на медицински сестри и овластени лица од тимот даваат грижа 24/7 и не дозволуваат вашите блиски да бидат осамени.

Служба за рехабилитација

Нашата служба за рехабилитација дава комплетно терапевтско и професионално закрепнување за да се избегнат дополнителни несакани дејствија.

Здравствена заштита

Веруваме дека влијанието кај секој поединец има неочекуван начин и секој поединец може да напредува интересно, со индивидуална нега.

Квалификувани лекари

После давање на заклучоци од страна на доктор, специјалист продолжува да ги третира пациентите кои се соочуваат со болести и рани, во и надвор од домот во зависност од потребите.

Одлична храна и грижа

Нудиме грижа и надзор за лицата кои не може да живеат сами, константна медицинска нега и најквалитетна храна за сите нив.

Психосоцијална поддршка

Нашите медицински социјални работници се грижат за пациентите кои се соочуват со проблеми и предизвици во адаптирање на условите во нашата установа.

Физикални терапии

Тим физиотерапевти се задолжени за набљудување и одржување на подвижноста и физичката активност на корисниците.

Транспортни услуги

Домовите од групацијата Феникс располагаат со приватно амбулатно возило со цел пренесување на корисниците до соодветни здравствени установи.

Закажете состанок и посетете не!

Пополнете го формуларот и
лично уверете се во одличните услови што ги нудиме.

Доколку сакате можете и директно да не побарате на 075 382 014.