Локација: центар, Скопје
Феникс е ланец на старски домови чија историја е од богат размер, првиот старски дом е основан во 2002 година во тешки услови и под друг назив кој што по неколкуте променети локации и борбата како и стремежот за успех доведоа до основање на првиот “Феникс” чие име потекнува од самата историја на оваа компанија, издигање од пепелта.
Денеска Феникс располага со четири домови за стари лица “Феникс Гарден”, “Феникс Премиум”, “Феникс Фемили” и Геромедикал Феникс -Волково.
Нашата цел ќе ја постигнеме со долгогодишен квалитет, љубов и истрајност во давањето на нашите услуги како и секојдневните напори и желба за нашиот напредок.
Домот за стари Феникс Премиум нуди луксузно сместување, 24 часовна грижа и нега за вашите најмили, дом за стари со пет ѕвезди. Секоја соба е опремена по врвни стандарди, со сопствена бања и тоалет, фрижидер , кабелска телевизија , WI-FI, клима уред, со одржување на врвна хигиена во домот. Се наоѓа во строгиот центар на градот.
3Д тура низ феникс премиум
Ви овозможуваме да ги разгледате капацитетите на Феникс – Домовите за стари лица директно на вашиот уред. Доколку не сте во можност лично да не посетите и да го видите објектот, сега Ви овозможуваме истото да го направите од удобноста на Вашиот дом.
што нудиме
Постојано присуство на медицински сестри и овластени лица од тимот даваат грижа 24/7 и не дозволуваат вашите блиски да бидат осамени.
Нашата служба за рехабилитација дава комплетно терапевтско и професионално закрепнување за да се избегнат дополнителни несакани дејствија.
Веруваме дека влијанието кај секој поединец има неочекуван начин и секој поединец може да напредува интересно, со индивидуална нега.
После давање на заклучоци од страна на доктор, специјалист продолжува да ги третира пациентите кои се соочуваат со болести и рани, во и надвор од домот во зависност од потребите.
Нудиме грижа и надзор за лицата кои не може да живеат сами, константна медицинска нега и најквалитетна храна за сите нив.
Нашите медицински социјални работници се грижат за пациентите кои се соочуват со проблеми и предизвици во адаптирање на условите во нашата установа.
Тим физиотерапевти се задолжени за набљудување и одржување на подвижноста и физичката активност на корисниците.
Домовите од групацијата Феникс располагаат со приватно амбулатно возило со цел пренесување на корисниците до соодветни здравствени установи.
Закажете состанок и посетете не!
Доколку сакате можете и директно да не побарате на 078 382 591.
Ќе бидете контактирани за дополнителни информации како и за точното време и локација за престојот.