Како да се грижите за старите родители по пад

Најдоброто за вашите најмили

Како што луѓето стареат, нивното чувство за рамнотежа и движење почнува да се намалува. Пад или сопнување се меѓу најчестите форми на повреди кај старите лица. Иако обично не се многу сериозни, тие можат да бидат вознемирувачки и да доведат до поголеми компликации ако не се управуваат внимателно.

Вашите родители, секако, ќе сакаат да останат активни и независни што е можно подолго. Траумата предизвикана од честите падови и емоционална и физичка, ќе биде најчеста пречка кон таа цел.

Како и секогаш, превенцијата е подобра од лекувањето. Со тоа што ќе бидете информирани за причините за најчестите падови и знаењето како брзо и ефикасно да дејствувате кога тие се случуваат, можете подобро да сѐ осигурате дека вашите родители ќе останат на нозе. Или, ако сепак се случи пад, како, брзо, повторно да станат на нозе.


Што предизвикува пад?

Како што велат, знај го твојот непријател. Знаењето околу тоа што води до пад на вашите стари родители ќе ви помогне подобро да се подготвите како да го спречите. Иако нема два исти случаи, подолу наведовме некои од почестите причини за пад.

Тврди зглобови и лоша мобилност. Движењето кај постарите тела не е како порано, а а ситуацијата се влошува од неактивноста. Нестабилниот и неспретниот во движењето, обично, е она што предизвикува некој да стане неурамнотежен.

Околината. Имање мал, преполн и несреден дом претставува вистинско минско поле за сопнување, без разлика на возраста.

Услови како артритис или деменција. Многу стари лица имаат барем една хронична болест која ќе ги зголеми шансите за пад. Ако тие примаат  лекарство, тоа исто така може да влијае на нивната рамнотежа и самосвест.

Како да спречите?

Треба да останат активни

Еден од најважните начини на кои може да се избегне пад и сопнување е да ги охрабрите вашите стари родители да останат активни. Староста доведува до неактивност ако не се внимава, и нивното тело има многу изразена природа на – „користи го или изгуби го“. Што помалку, вашите родители, стануваат и движат, толку повеќе активноста им станува потешка.

Натерајте ги да се запишат на час во теретана, како јога или аеробик. Обезбедете да одат често на прошетки. Купете им велосипед за движење ако сè уште се во состојба. Физички однесете ги во продавница за намирници. Не само што ќе помогне нивните зглобови и мускули да останат активни и силни, туку е одлично и за нивното ментално здравје.

Треба да се хранат здраво

Еднакво со вежбањето е исто така и здравата исхрана. Особено важно, тука, е одржувањето на здрави и силни коски, следствено вашите родители треба да имаат исхрана со многу калциум и витамин Д. Ова спречува остеопороза, или слабост и кршливост во коските, така што во случај да вашите родители доживеат непријатен пад, нивните тела подобро ќе ја издржат траумата.

Креирајте безбедна околина

Попрактично, направете го домот на вашите родители отпорен на падови. Следниот пат кога ќе ги посетите вашите родители, обидете се да оцените како е распореден нивниот дом. Имаат ли доволно простор за движење? Има ли слободни теписи или ќилими? Дали кабли и жици се протегаат низ често користени патеки и коридори? Дали сè се гледа јасно и е добро осветлено?

Сите овие фактори одредуваат честотата на сопнување од нешто. Во големи отворени соби со многу простор и осветлување и недостаток на опасности за сопнување и пречки, ќе имаат далеку помалку падови отколку во темна, тесна соба која има повеќе кабли, предмети и свтикани килими кои доведуваат со често сопнување.

Чистењето и средувањето на куќата на вашите родители е важен чекор ако станале малку несредени во нивната старост. Секогаш расчистете го нивниот хаос, особено ако има работи на подот на кои може да се сопнат или да се лизнат. Ако е потребно, охрабрете ги да се ослободат од непотребно ѓубре кое може да додава на нередот.

Исто така, може да одите чекор понатаму со инсталирање на рачки на стратешки места како што се бањата или предната врата или инсталирање на рампи за пристап наместо скали каде што е потребно.

Проверете ги нивните лекови

Ако вашите родители земаат лекови, осигурајте се дека ги земаат одговорно. На пример, ако нивните лекови ги прават поспани или вртоглави, осигурете се дека не ги земаат пред да прават нешто премногу активно. Ако ефектите се особено изразени, споменете го тоа на нивниот лекар или консултант следниот пат кога ќе бидат видени. Можеби се достапни поумерени алтернативи.

Размислете за помош за нега дома

Конечно, ако не можете секогаш да бидете покрај вашите родители за да ги набљудувате, можеби ќе сакате да размислите за добивање на нега – дома. Професионалец за нега ќе може да ги набљудува почесто отколку што можеби ќе можете вие и ќе биде обучен како да одговори во случај на пад. Ова е особено корисно ако вашите родители се во напредна возраст или имаат особено дебилитирачки услови како што е Паркинсон.

Што да направите во случај на пад?

Ако, и покрај вашите и напорите на вашите родители, тие сепак паднат, најважно е да не паничите. Останете мирни и исто така смирете го и вашиот родител со тоа што ќе земате длабоки, мерени здивови. Ако паничат и се борат, можат да направат полошо.

Проверете за било какви повреди, крварење или модринки. Прашајте го вашиот родител дали нешто го боли и колку лошо. Ако се повредени до таква мера што не можат да се движат, како на пример скршена рака, не обидувајте се да ги поместите. Наместо тоа, повикајте брза помош и осигурајте сѐ дека се што можно поудобни, додека ги држите и што можно понеподвижни додека не пристигне помош.

Ако повредата не е сериозна, полека обидете се да ги кренете и да ги сместите на стол. Не брзајте! Одете со нивниот ритам и оставете ги тие да одлучат кога сакаат да се движат и да станат. Само бидете на располагање да им дадете нешто за да се потпрат и наслонат и внимателно помогнете им да станат на нозе. Ако се на тврда површина, најдете ќебе или крпа за да клекнат за дополнителен комфор.

Откако повторно ќе станат вертикално, оставете ги да седат малку за да се опорават со топло ќебе или прекривка преку нивните нозе и стапала. Ако е потребно, налејте им чаша вода.

Дајте им момент да се опорават, проверувајќи ги повторно за било какви повреди што можеби биле пропуштени како што се напрегања или истегнувања. Држете ги што е можно поудобни додека ја враќаат својата самодоверба. Ако седеле некое време, направете ги да ја сменат својата позиција секој половина час.

Како да ги подржите вашите родители по пад?

Никогаш не ги кријте падовите. Ако еден од вашите стари родители претрпел пад, обавестете го нивниот доктор за тоа. Нивниот лекар ќе ви помогне да утврдите што го предизвикало падот и ќе ви понуди совети како да го избегнете во иднина. Ова може да вклучува правење адаптации на нивниот дом, или добивање на професионален негувател, како што дискутиравме погоре.

Слободно контактирајте нѐ нас и ќе бидеме среќни да ви дадеме некои информации за услугите за нега на дома што се достапни.