Споделување на грижа: ФЕНИКС обезбедува поддршка кога ви треба пауза  

споделување

Денешното животно темпо е брзо и полно со секакви обврски. Работиме, се грижиме за своите деца, поминуваме време со пријателите и се грижиме за себе. Но, кога треба да внимаваме и на постарите членови на семејството, предизвикувачки е да се постигне. Понекогаш ни е потребна пауза. Можеби треба да одиме на одмор или да направиме пауза од секојдневните активности. Сите се соочуваме со слични предизвици и сосема е нормално да побараме дополнителна поддршка. Тоа не значи дека сакаме да ги избегнеме обврските, туку дека сакаме да се грижиме за добросостојбата на нашите најблиски како и на самите себе. Во Феникс, ние сме тука да ви помогнеме, преку споделување безусловна грижа. 

Идеално место за вашиот постар член на семејството 

Во Феникс, нашата работа е да направиме вашето семејство да се чувствува како дома кога вие не сте таму. Сакаме да им ја дадеме потребната грижа на пријатно и безбедно место кое ќе ги почитува нивните секојдневни навики. Обрнуваме внимание на малите нешта кои можат да ги направат среќни. 

Нашиот персонал работи со полна пареа со цел гостите да бидат згрижени, и да чувствуваат мир и љубов. Го исполнуваме денот со различни активности кои ги активираат умот и телото и овозможуваат целодневни социјални интеракции. Во Феникс се грижиме за сите потреби на вашите сакани. 

Зошто да го изберете Феникс 

Користењето на нашите услуги за дневен престој значи дека ќе го добиете заслужениот одмор, а вашите најблиски ќе добијат среќно и забавно место за престој.  

  • Пауза за вас: добивате време за одмор, знаејќи дека вашите сакани се безбедни. 
  • Почитување на рутини: Се трудиме да ги задржиме секојдневните навики на вашите сакани. 
  • Пријатели: Нашите простории им овозможуваат на гостите да се дружат и да им биде исполнет денот. 
  • Експертска грижа: Нашиот тим знае како да ја пружи потребната грижа и нивната посветеност е на максимално ниво. 

Подготовка за престој во Феникс 

Пред да го доведете вашиот постар член од семејството во Феникс, добро е да разговарате со нив и со другите кои помагаат во грижата за нив. Кажете им што можат да очекуваат при престојот и дека тоа е само привремено. Погрижете сѐ да се чувствуваат спокојно поради промената и осигурајте ги дека ќе бидат добро згрижени. 

Вашето второ семејство 

Животот е турбулентен и не секогаш можеме да го дадеме потребното време и внимание на нашите родители или роднини, но бидејќи им го мислиме само најдоброто, знаеме дека е во ред да побараме помош. Свесни сме дека целосната 24-часовна грижа и внимание е голема обврска. Затоа, во Феникс, ние сме вашето второ семејство, и тука сме да ви помогнеме кога ви е потребен одмор. Ние им ја пружиме најдобрата грижа на вашите најблиски кога вие не сте во можност и ве охрабруваме да продолжите со планирање на годишниот одмор; да поминувате повеќе време со децата и пријателите или едноставно да се одморите. 

Ве интересираат деталите? Тука сме да одговориме на вашите прашања. Контактирајте нѐ за да дознаете повеќе за нашите услуги за дневен престој и како Феникс може да ви помогне вам и на вашите најблиски. Запомнете, споделување грижа значи споделување љубов!